„Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза", во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса" со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(49) од с.Горно Нерези, скопско и мотоцикл „кавасаки" со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(45) од Трубарево, скопско.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала К.В.(40) од Скопје, сопатничка на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.
Со телесни повреди се здобиле Р.И. и сопатникот од возилото Е.К.(45) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември". Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.