Жена нападната од три лица во Чаир

Триесет и седумгодишна скопјанка пријавила дека физички била нападната од три лица во двор на куќа во Чаир. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера околу 21.00 часот во СВР Скопје, Р.Ф.(37) пријавила дека во двор од куќа на подрачје на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од В.Ф.(40), С.Ф.(43) и Д.Ф.(18).

Во исто време било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ф. од една страна и С.Ф., З.Ф.(43), Д.Ф. и Н.Ф.(63), од друга страна, сите од Скопје, велат од МВР.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе