Жена нападната од сопругот во Кавадарци

Кавадарчанка била нападната од сопругот, а малолетник од двајца сожители, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во текот на вчерашниот ден, во ОВР Кавадарци, 54-годишна жена пријавила дека околу 11 часот во семејниот дом во Кавадарци била физички нападната од нејзиниот 59-годишен сопруг Н.О. Седумнаесетгодишник од село Дреново пријавил дека претходната ноќ, околу 23.30 часот, бил физички нападнат од Ф.Б.(23) и Х.Ј.(21), појасни Додевски.

Тој додаде дека по целосно документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе