МВР

Жена нападната на Бит Пазар, неколку тепачки во Скопје

Вчера околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Х.(44) и П.К.(41). Сочинет е записник за константиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Исто така вчера во 15.40 часот во СВР Скопје, З.К.(24) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачје на Бит Пазар била физички нападната од Б.Д.. 

На 13.03.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на подрачје на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Л.(50) и Б.В.(66), двајцата од Скопје. 

Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(40) од Скопје пријавил дека околу 20.00 часот на јавен простор на подрачје на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. 

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе