Жена и дете повредени откако во нив удрил автомобил

Десетгодишно девојче и повозрасна жена од Радовиш се повредени откако во нив удрил автомобил. Несреќата се случила вчера во 09:15 часот, а било пријавено дека во Радовиш на бул. „Александар Македонски", патничко возило „фолксваген голф", со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од село Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш - информира МВР.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе