Во Сретеново, кај Стар Дојран

Завршил во притвор откако се противел полицијата да му ја претресе кафеаната

Сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран со закани дека ќе ги нападне и убие, се обидел да спречи двајца полицајци кои имале налог, да ја претресат кафеаната поставена на платформа. Го угасил светлото, кршел столици и маси, по што бил уапсен. На вештачење се дадени пакувања со „прашкаста и растителна содржина“.

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против жител на валандовското село Јосифово за кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие" и за „загрозување на сигурноста".

Државното јавно обвинителство информира дека на 25 јуни, осомничениот управител на фирма – сопственик на угостителски објект во селото Сретеново, Стар Дојран, „со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, спречил две службени лица – полициски службеници да извршат претрес на угостителскиот објект на платформа“.

За претресеот полицијата имала судски налог заради основано сомнение дека произведувал, продавал и овозможувал употреба на дрога.

„Кога полицисиките службеници пристигнале во објектот и му ја предале наредбата за претрес, осомничениот не ја примил и започнал да ги брка службените лица, упатувајќи им навреди и закани, па започнал да крши предмети – маси и столици и го исклучил кабелот за струја, прекинувајќи го доводот на електрична енергија во објектот. По ова, осомничениот бил лишен од слобода“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

При претресот биле пронајдени повеќе пакувања со „прашкаста, грутчеста и растителна материја“, кои со наредба на Основното јавно обвинителство Гевгелија се испратени на вештачење за да се утврди дали станува збор за недозволени супстанции.

По барање на надлежниот јавен обвинител судијата на претходна постапка изрече мерка притвор во траење од осум дена.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе