Затвореник телефонски измамил седум лица претставувајќи се како директор

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „измама". Во периодот од 2 јули 2019 до 13 февруари 2020, додека бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово" – Скопје, преку мобилен телефон лажно се претставувал како сопственик или раководител на различни фирми.

„Лицата К.Б.(65), С.К.(47), Џ.Л.(55) од Тетово, А.Х.(36), Ј.М.(67) од Скопје, С.С.(40) од село Џепчиште и М.Б.(62) од село Беловиште ги довел во заблуда дека неговата фирма деловно ќе соработува со нив и од нив успеал да земе парични средства. Со ваквото дејствие причинета е материјална штета од околу 315.000 денари“, информираат од МВР.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе