Затворена кафеана во тетовско, приведен сопственикот, 2 Русинки и девојка од Албанија

Ноќеска околу 00.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во с.Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и 6 странски државјанки.

А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија", согласно член 206 од Кривичниот законик.
Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три странски државјанки, од кои две од Русија и една од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе