Затворена кафеана во Црешево, приведени 32 лица поради непочитување на мерките за ковид-19

По извршена контрола во угостителски објект во скопско Црешево, заради непочитување на мерките за ковид-19 приведен е сопственикот и уште 32 лица кои биле затекнати во кафеаната.Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

„Синоќа во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот ковид-19. При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И.(56) од с.Булачани, скопско.
Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе