Поради непочитување на здравствените протоколи

Затворена кафеана на улицата „ЈНА“ во Тетово

Синоќа во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА" во Тетово, сопственост на Ф.Ц.(33) од Тетово, при што покрај сопственикот биле затекнати и пет други лица кои престојувале како гости.

Угостителскиот објект потоа бил затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, а сопственикот Ф.Ц. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

МВР информира дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе