Затворена фабрика за марихуана за медицински цели во Струга (ВИДЕО)

Полицијата затвори фабрика за производство на канабис за медицински цели во Струга откако е утврдено дека камерите за надзор не ја покриваат целата површина на фабриката, дека има „дупки“ во заштитните огради, но и дека има повеќе засади од пријавеното, односно засади на површини кои не се одобрени за садење на марихуана,  а од што можело „на црно“ да се заработат 5 милиони евра. Известен е јавен обвинител, а СВР Струга ќе поднесе кривична пријава.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Дрслаица, општина Струга, се вели на почетокот од соопштението на МВР.

МВР информира дека при контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3.442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4.304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1.007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги.

Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги.

Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ.

Според експертите од Министерството за здравство доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.

Два дена по ред, МВР во координација со МЗ презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога, а ваквите засилени контроли продолжуваат и во наредниот период, наведува МВР.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе