Затворен угостителски објект во Крива Паланка

Поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19 и прописите за работно време, затворен е угостителски објект во Крива Паланка. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Куманово, синоќа при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Крива Паланка, полициски службеници констатирале дека угостителски објект на ул.„Коце Металец" работи по дозволеното време.

Во објектот биле затекнати триесетина гости, поради што на сопственикот на угостителскиот објект ќе му биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен, се наведува во соопштението од СВР Куманово.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе