Затворен угостителски објект во Франгово, работел по 23 часот

Угостителски објект во струшкото село Франгово ноќеска не ја почитувал владината одлука за ограничено работно време, утврдил Државниот пазарен инспекторат, соопшти СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски денеска информира дека Л.Ј. од селото Франгово не го затворил објектот согласно одлуката и против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

„СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат, на целото подрачје што го покрива, реализира контроли по угостителските објекти, согласно одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23 часот. Притоа, непочитување на одлуката е регистрирано во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село“, изјави Димоски. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе