Затворен ресторан во Дебар, приведен сопственикот

Еден угостителски објект во Дебар е затворен со пломба, а сопственикот лишен од слобода откако во контрола што била извршена синоќа било констатирано дека не се почитувале одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19.

Вчера од 22 до 24 полицајци од Дебар, заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат Струга извршиле контрола во угостителски објекти во Дебар. При контролата е констатирано дека во угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“, сопственост на К.Р. (23) од Дебар, не биле почитувани одлуките за превентивни препораки, времени мерки и протоколи за постапување и заштита на населението од заразната болест ковид-19, информираат денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека за случајот е запознат јавен обвинител од ОЈО Дебар и по неговото документирање ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе