Заталкан куршум заврши во соба во Челопек

Жител на тетовски Челопек во полиција пријавил дека ноќеска откако слушнал истрели, заталкан куршум завршил во една од собите во неговата куќа. За пет дена ова е втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово.

„На 18.07.2022 во 00.34 часот во СВР Тетово, Р.С.(50) од тетовски Челопек пријавил дека околу 00.15 слушнал истрели од огнено оружје, по што едно залутано зрно непознат калибар паднало во собата на неговиот син Ф.С.(18). Извршен бил увид и се работи на расчистување и документирање на случајот“, информираат од СВР Тетово.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе