ТЕТОВО

Заскитан куршум повреди 50-годишна жена

Заскитан куршум вчера повредил жена на возраст од педесет години. Куршумот завршил во десното рамо на Т.И. од село Сараќино, тетовско

Околку 18 часот од Клинички Центар-Тетово било пријавено дека е донесено  повредено лице со прострелна рана од заталкан куршум од  огнено оружје во десно рамо. Имено, околу 16,00 часот во дворот на Т. И (50) во  с.Сараќино, додека П.З(60) од с.Сараќино, работела заедно со мајката на Т.И. во еден момент почувствувала болка во десното рамо, без претходно да слушне истрели од огнено оружје. На П.З  и е укажана лекарска помош и проектилот од огнено оружје кој е изваден од страна на докторoт, е обезбеден за вештачење. Увид извршила екипа од СВР-Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе