Од МВР денеска информираа дека полицијата го запрела „фолксвагенот“, управуван од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци.
„При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети. Поради постоење на основи на сомнение за кривично дело прикривање по член 261 став 3 во врска со точка 1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица Кочани. Известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка“, соопштија од МВР.
Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П (43) од Кавадарци, Ш.С (41) од Кавадарци и И.Н (46) од Прилеп. Во тек се, информираат од МВР, претреси на уште две локации во Скопје и Кочани.
Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.