Кривични пријави за пустошење на шума и кражба

Запленети над 200 метри кубни бесправно исечени дрва

Денеска полициски службеници од СВР Штип- ОВР Кочани, по претходно добиени оперативни сознанија за пустошење на шума, во содејство со Државен инспекторат за шумарство и ловство, постапувајќи во склоп на Оперативна акција „Гора" околу 10.30 часот во Осоговските планини на место викано Бунари, покрај шумски пат, пронајдоа над 200 метри кубни бесправна сеча на огревно дрво бука, од кои околу 150 метри кубни подготвени за превоз од страна на правно лице од Кочани. 

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до ОЈО Кочани.

Денеска во Осоговските планини на место викано Бабини градини затекнати се четири лица од Виница, вработени во правно лице од Пробиштип, како вршат бесправна сеча на огревно дрво бука.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Кочани.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе