Запленети дрога и муниција и приведени над 20 улични дилери во акција низ цела држава (ВИДЕО)

Во координирани активности за сузбивање на продажба на наркотична дрога, улично дилерство на наркотични и синтетички дроги и недозволена трговија со огнено оружје на МВР на територијата на целата држава денеска се приведени над 20 улични дилери, а запеленети се дрига и муниција. 

„Од 05.00 часот на територија на Република Северна Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во СВР Тетово, по две на подрачјата на  ОВР Гевгелија и ОВР Кичево, по една во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Свети Николе, СВР Битола, ОВР Гостивар, ОВР Неготино и ОВР Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашкаста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал”, соопшти портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска. 

Според неа, на подрачјето на ОВР Гевгелија била пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис. 

Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе