Државен инспекторат за земјоделство

Запленети 60 килограми крап, мрежи за лов на риба и чамец во Охрид

Државниот инспекторат за земјоделство во соработка со Министерството за земјоделство, МВР-СВР Охрид и Езерската полиција на ден 20 мај 2020 година, спроведе акција за сузбивање на нелегалниот риболов во водите во Охридското езеро.

„Во езерото кај авотокампот Андон Дуков, се затекнати три лица како вршат нелегален лов на крапот и го внесуваат во една од околните бараки. По претходно обезбеден налог за претрес од надлежен јавен обвинител извршен е претрес и одземени се 10 гајби со мрежи за лов на крап со различна големина и риба крап во тежина околу 60 килограми. Во акцијата е запленет и еден метален чамец“, соопштија од Дрежавниот инспекторат за земјоделство.

 Против три лица ќе бидат поднесени соодветни кривични и прекршочни пријави од страна на МВР – Езерска полиција и Државниот инспекторат за земјоделство.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе