Царинска управа

Запленети 60 илјади штеки цигари и 280 килограми режан тутун

На две локации на територијата на Скопје запленети се 280 килограми режан тутун наменет за продажба, додека на преминот Табановце во камион се откриени речиси 60 илјади штеки цигари, информира Царинската управа.

Во соопштението на Царинската управа се вели:

Одделнието за истраги при Царинската управа во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР вчера спровела акција против нелегална продажба на режан тутун. Предмет на акцијата била контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра, а поради постапување спротивно од царинскиот закон и другите закони за чие спроведување е надлежна Царинската управа. 

На две одделни локации на територија на Град Скопје привремено се одземени 280 килограми режан тутун со што избегната е наплата на акциза во износ од околу 500.000 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 279 Б од кривичниот закон. Во паралелна независна истрага на граничен премин Табановце по извршена детална контрола на товарно моторно возило, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 1.200 пакети (59.996 штеки) цигари Марбле, од трговска марка Marble Filter de luxe“.

Горенаведената стока, со вкупна вредност по фактура од 6.155.280,00 денари е привремено задржана поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.

Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Акцизите учествуваат со околу 22% во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13%, од кои над 5% се од цигари и тутунски производи. Соодветно на тоа, станува збор за значаен извор на приходи во буџетот на државата.

Сериозноста на проблемот и обемот на штетите што нелегалната трговија со тутун и тутунски производи го предизвикува, бара од нас континуирани напори за да го спречиме нелегалниот промет на акцизни добра.

На овој начин не само што ја штитиме конкурентноста, го спречуваме неплаќањето на давачки кон државата, дополнително придонесуваме за заштита на здравјето на луѓето што може да биде загрозено со употреба на непроверени производи пуштени во промет на нелегален начин.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе