Запленети 40 кг марихуана, од Косово стигнала во Македонија (ВИДЕО)

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, вчера пресече меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, која од Косово била транспортирана на територијата на Македонија.

Како што информира МВР, на бул.„Јадранска магистрала“, на влезот во Скопје било запрено патничко возило  „шкода фабија", управувано од А.М.(42) од Скопје. При извршениот преглед на возилото, во багажникот се пронајдени две големи вреќи со марихуана, во вкупно количество од околу 40 килограми, со пазарна вредност од над 100.000 евра.

А.М. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица за понатамошна постапка,при што во текот на денот ќе биде предаден со кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Инаку, А.М. е познат сторител на кривични дела, осудуван и издржувал затворска казна, а во 2017 во Р.Србија е лишен од слобода при транспорт на поголема количина хероин.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе