Запленети 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

Полициски службеници од ОВР Кичево вчера заплениле вкупно 36.576 пиротехнички средства и привеле едно лице, соопшти МВР.

„По претходно добиени оперативни сознанија полицијата вчера изврши контрола во фирма во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево. При прегледот се пронајдени и одземени пиротехнички средства, по што е извршен и претрес, по добиена наредба од Основен суд Кичево, во дом и други простории на Е.Е., при што е пронајдена поголема количина пиротехнички средства. Вкупно се запленети 36.576 пиротехнички средства, а Е.Е. е приведен и протов него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во соопштението.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе