Запленет хероин во Битола

Полицијата пронашла 26 пакувања со хероин, со тежина од околу 50 грама, во домот на С.С. (38) во Битола, информираат од МВР.

„Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска по претходно издадена судска наредба од Основен суд Битола, извршија претрес во дом на С.С. (38) во Битола“, соопштуваат од МВР.

При претресот биле пронајдени и одземени 26 пакувања со хероин со тежина од околу 50 грама, пари и мобилен телефон.

„По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, информираат од министерството.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе