Запалени гуми кај Гостивар, интервенираше полицијата и пожарникарите (ВИДЕО)

Триесетина автобуски и камионски стари гуми биле запалени утрово на излезот од Гостивар. Густиот црн чад веднаш беше забележан од граѓаните кои брзо апелираа до надлежните органи и ја распространија информацијата по социјалните мрежи.

Чад од запалени гуми е високо токсичен и ја загадува животната средина.

Од СВР Тетово ја потврдија информацијата за инцидентот.

„На посоченото место  се испратени служби од полициската станица во Гостивар. Местото се обезбедува, пожарникарите го угасија пожарот, по што следуваше и увид од екипа на полициската станица во Гостивар и од надлежни инспектори од секторот за заштита на животна средина, бидејќи палењето на гуми е забрането“, информираа од СВР Тетово.

 

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе