Порталот завчера објави вест во која се вели дека порака со елементи на закана добила редакцијата на Нетпрес на својата официјална фејсбук страница, а според содржината се претпоставувало дека станува збор за реакција во врска со информацијата за инцидент во скопско Арачиново.
Нетпрес напиша дека во пораката од профилот на извесен Шенол Маслани, пишува 'за лајкови не земајте луѓе на врат, самите себе се земате на врат... немојте да претерате со лажни вести.. оние си побегнале, а вие кај ќе се криете".
Заканата освен во МВР, била пријавена и во ЗНМ и во амбасадите во Скопје.
Инаку, според МВР, лицето од Арачиново го признало делото и се вели дека се презема натамошна постапка за случајот.