Загина возач на „туарег“ на патот Охрид - Ресен, кај Кавадарци тешко повреден мотоциклист

На магистралниот пат Охрид-Ресен вчера загина возач на „фолксваген туарег", кој излетал од патот. Несреќата се случила помеѓу местото викано „Прентов мост" и место викано „Тунели". Како што констатирал лекар од Итната помош, на лице место починал Д.С.(60) од Охрид. Мотоциклист е тешко повреден во кавадаречкиот регион.

Денес во 00.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен З.М.(54) од с.Возарци.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите вчера околу 22.30 часот, на локалниот пат за с.Раец, кај местото викано ,,Стар магацин-Илиница" каде што, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци. 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе