Кај Мислешево

Загина тракторист

Четириесет и шест годишен жител на струшкото село Мислешево го загубил животот при пад од трактор, извршувјќи земјоделски работи, соопшти денеска СВР Охрид. Потрпаролот Стефан Димоски информира дека се работи за Б.М. (46), кој починал на нива во местото „Градарица".

„Во одделението за внатршни работи Струга, вчера околу 13 часот, од Итната медицинска помош, пријавено е дека примиле повик за повредено лице на нива во месноста 'Градарица', атар на струшкото село Мислешево и дека по излегување на местото, медицинската екипа констатирала смрт. Од извршениот увид предводен од јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Б.М.(46) од селото Мислешево, кој починал при управување трактор“, изјави Димоски.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе