Во Штип

Загина тракторист

Загина 43-годишен жител на штипската приградска населба Стар Караорман. Несреќата се случила на нива во близина на населбата, кога управувајќи со трактор се превртел и починал на самото место.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова за МИА изјави дека К.Ц е пронајден околу 21.50 часот во близина на приградската населба Стар Караорман, а од семејството било изјавено дека починатиот кон нивата се упатил околу 16 часот.

На местото на несреќата излегле полициски службеници, јавен обвинител, Итна медицинска помош и пожарникари од Територијалната противпожарна единица-Штип. Лекар од Брзата помош на местото констатирал смрт, телото на починатиот е предадено на семејството.

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе