Загина моторџија, тешко повредена е сопатничката

Дваесет и осумгодишен скопјанец синоќа почина откако со мотор удрил во ограда на ул.„Елисие Поповски – Марко“. Според информациите, во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г.С. (27) од Скопје.

„Вчера околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко", мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А.(28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза" каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал. Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза". Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР. 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе