Во тешка сообраќајка во Скопје

Загина 36 годишен возач, сопатникот со тешки повреди пренесен во болница

Триесетишестгодишен скопјанец од скопско Марино загина во тешка сообраќајка што вчера се случила на булеварот „Александар Македонски" во Скопје. Во сообраќајката повредено е уште едно лице кое било сопатник во возилото.

Според информациите од МВР, вчера околу 23:30 часот на скопскиот булeвар „Александар Македонски", Г.С. (36) управувајќи автомобил марка „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра.

Во незгодата возачот Г.С. од здобиените повреди починал на лице место, додека сопатникот З.М. (38) исто така од скопското село Марино, се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде бил задржан на лекување на Клиниката за трауматологија.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи, а во расчистување на последиците од сообраќајката интервенирале и пожарникарите. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина.

 

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе