МВР

Забележани мигранти во Штип

Денеска (23.08.2021) околу 09.40 часот на ул.„Гоце Делчев" во Штип, полициски службеници од СВР Штип, при извршување службени задачи, забележале четири лица, мигранти од Бангладеш.

„По преземени мерки било утврдено дека лицата во Штип дошле со товарно возило на приватна фирма од Штип, кое се вратило од Република Турција преку Република Грција. Исто така, било утврдено дека мигрантите без знаење на возачот влегле во камионот. По консултации со Јавен обвинител, мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг" во Гевгелија за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе