За запленетата дрога вредна 350.000 евра се бара притвор за државјанин на Албанија

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информираат од Јавно обвинителство.

Осомничениот, се вели во соопштението од ЈО, на 7 ноември 2021 година во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници, додека управувал со патничко моторно возило „Ситроен Берлинго" со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице.

„При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во пет најлонски вреќи“, информираат од ЈО.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид, стои во соопштението од ЈО, доставил предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Фото: Пиксабеј

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе