Кривична пријава

За заем од 1.500 евра лихвар барал да му бидат вратени 90.000 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.(52) од с.Опае, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Во текот на 2014 година, пријавениот на Х.И. од с.Опае му дал 1.500 евра и искористувајќи ја неговата материјална состојба го условил со месечна камата од 500 евра, а главниот долг да остане ист. Како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, Б.С. моментално е на издржување казна затвор за друго кривично дело.

Откако Х.И. не успеал да ги врати главниот долг и каматата, пријавениот во неколку наврати го зголемувал главниот долг, кој во 2015 година достигнал 20.000 евра. На барање и со закани од Б.С., Х.И. во јануари 2016 година со нотарски договор, кој требало да важи до враќање на парите, му ја препишал куќата во с.Опае на Б.С..

Додека Х.И. бил да работи во странство за да ја обезбеди бараната сума, Б.С. ја принудил сопругата на Х.И. со семејството да ја напуштат куќата, а откако се вратил во октомври 2020 година, Х.И. преку посредник стапил во контакт со пријавениот, кој тогаш побарал од него до март 2021 година да му даде 90.000 евра за да му ја врати куќата.

По изминување на последниот рок, Х.И. го пријавил случајот во СВР Куманово.

 

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе