За сообраќајни прекршоци во Скопје напишани 171 казна

Полицијата во Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера изрече вкупно 171 мерка, меѓу кои 70 за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за возење без возачка дозвола и шест за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се и 22 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците, пет за нерегистрирани возила, девет за користење мобилен телефон, четири за некористење на сигурносен појас, седум за минување на црвено светло, како и 24 мерки за непрописно паркирање.
МВР најавува дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе