За сообраќајни прекршоци во Скопје напишани 167 казни

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 167 мерки, меѓу кои 39 за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење без возачка дозвола и осум санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), како и пет санкции за непрописно престигнување и обиколување.
Засилените акциски контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе