За случајот „Мавровка“ инвеститорот доби и кривична пријава за бесправно градење

Денеска СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.А. (34) заради постоење на основано сомневање дека пријавениот е сторител на кривично дело „бесправно градење” по чл. 244-а од КЗ на објект бесправно изграден на булеварот „Гоце Делчев“ на платото пред ДТЦ Мавровка.

Скопската полиција во координација со ОЈО- Скопје презеде соодветни мерки и активности во насока на утврдување на постоење основи на сомневање за сторено кривично дело кое што се гони по службена должност по чл. 244-а „Бесправно градење” од КЗ и по целосно документирање на случајот денеска до ОЈО- Скопје е поднесена соодветна кривична пријава.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе