За прекршување на самоизолација и полициски час деветмина гевгеличани ќе добијат казни

Основното јавно обвинителство Гевгелија предложи казни за девет лица кои го сториле кривичното дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Четворица од нив допатувале на 18 март во Македонија од Грција, Турција и Бугарија како земји со среден или висок ризик за зараза. При влез во земјата биле запознаени со мерката за задолжителна самоизолација согласно Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID-19 и потпишале изјави за самоизолација. При извршена проверка од страна на полициски службеници на 19 март, обвинетите не биле затекнати во престојувалиштата каде требало да ја извршат должноста за самоизолација со што ја прекршиле дадената мерка и го сториле кривичното дело. Обвинителството за секој од  обвинетите  предложи на судот да им бидат изречени парични казни во висина од по 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

Други петмина гевгеличани пак не го почитувале полицискиот час и во одделни настани биле затекнати како управуваат или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар. За секое од петте обвинети лица обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.

 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе