Сообраќајна контрола

За празникот казнети 417 возачи за брзо возење

Вчера, за празникот Илинден, сообраќајната полиција им изрече казни заради брзо возење на 417 возачи. За време на закајнатите контроли, регистрирани се 37 возила кои се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, со околу 200 километри на час и повеќе.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 215 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 142 санкции, 23 за возење без возачка дозвола, 10 за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за некористење сигурносен појас, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе