За пет часа казнети 170 пешаци

Сообраќајната полиција вчера во периодот од 12 до 17 часот казни 170 пешаци на улиците низ Македонија, најголемиот број од нив се казнети затоа што улицата не ја преминале на пешачки премин..

Од саннкционирани 170 пешаци, 149 се канети за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, а пет за минување на црвено светло. Од нив 34 пешаци добиле казни на територијата на СВР Битола, 32 на територија на СВР Тетово, 30 во Скопје...

За време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредува МВР и апелира до пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе