За незаконит лов приведен маж

Полицијата вчера го лишила од слобода Ј.П. (58) од Кочани, бидејќи во место Потоците, атар на кочанско Оризари, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „Цифсан ЦСП 555" калибар 12 ГА, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА.

По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Министерството за внатрешни работи.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе