За едно деноноќие

За непочитување на полицискиот час приведени се 155 лица

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

Полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

„По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 481 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 203 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени од слобода се 155 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки“, велат од МВР. 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе