За нелегална трговија со оружје приведен маж од село Брест

На ул.„Методија Андонов Ченто" во Скопје, вчера во 14.10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.А.(66) од село Брест, општина Чучер Сандево.

Како што информираа денеска од МВР, тој бил приведен по наредба на Основното јавно обвинителство, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи" по член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе