За нелегален престој во државава уапсени се две лица

МВР информира за два различни случаи за апсење на лица кои нелегално престојувале во нашата држава. Едното приведување се случило, вчера по полноќ, а другото на 21 октомври.

За првото, надлежните информираат дека ноќеска околу 01.30 часот, во акциска контрола спроведена од полициски службеници на МВР во угостителски објект во гостиварски Добридол, приведена е 25-годишната Т.Г. од Република Србија, поради сомнение за нелегален престој.

„Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка", велат од МВР.

Вториот случај е лице, кое на 21.10.2021 во 21.30 часот на Граничен премин „Табановце" од полициски службеници бил приведен. „T.M.(26) од Холандија, затоа што по извршена пасошка контрола било констатирано дека незаконски престојувал во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка", дополнуваат од МВР.

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе