За најдена марихуана во возило приведени две лица од Виница

Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 23.20 часот ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

При преглед во патничко возило „цитроен", управувано од М.Д., каде сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, прецизираат од МВР.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе