Скопје

За едно деноноќие повредени 23 лица во сообраќајки

Според податоците на СВР Скопје изминатово деноноќие се случиле вкупно 29 сообраќајни несреќи на подрачјето на Град Скопје. 

Дваесет и три лица се здобиле со лесни телесни повреди во 12 од вкупно 29 сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, осум пред да се стекнат со дозвола за управување моторно возило и пет нерегистрирани моторни возила.

Со специјалното возило пајак подигнати се 124 возила.

Казнети се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло и двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе