За една година само во Тетово откриени се 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници

Во период од ноември 2020 година досега СВР Тетово на поширокото тетовско подрачје има вкупно поднесено санкции за 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12) биле изречени во текот на овој месец, потоа девет санкции во март, седум во мај и така натаму.

Според евиденцијата на полицијата, најчеста неисправност констатирана кај санкционираните возила биле неисправни сопирачки, како и неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат.

„Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред сé, на автобуси и комбиња кои секојдневно или транзитно сообраќаат на подрачјето. Упатуваме апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации“, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Законски предвидените поднесоци и парични глоби согласно Законот за возила за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2.000 евра во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе