За еден ден во Скопје казнети 101 возач

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 101 мерка.

Од вкупниот број казни 12 се за возење без возачка дозвола, 7 за непочитување на брзина на движење, три за технички неисправни возила за јавен превоз. Изречени се и шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе