МВР билтен

За еден ден санкционирани 5 возачи и 19 пешаци

Во текот на вчерашното деноноќие на подрачјето на ДВР Скопје санкционирани се вкупно 5 возачи и 19 пешаци. 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности, при што од сообраќај се исклучени двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол.

Исто така, санкционирани се: еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло и двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци.

Во однос на пешаците, санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.

Во текот на изминатиот ден 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе