Во Скопје

За еден ден казнети 384 возачи

Во главниот град вчера 21 лице возеле без дозвола, а 20 возачи возеле неисправни возила, бележи билтенот на полицијата кои во текот на вчерашниот ден санкционирале 384 возачи.

Како што соопштија од МВР, во текот на вчерашниот ден за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 138 прекршоци, 20 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотоцикли и еден четирицикл. За непрописно паркирани возила изречени се 88 мерки, а 72 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.

Од полицијата информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе